До крајот на годинава ќе почне со работа уште една фабрика во технолошката зона Бунарџик крај Скопје. Овој пат станува збор за турската компанија Матекк од медицинскиот сектор која е лоцирана во Анкара, која донесе одлука за инвестиција во Македонија, вредна 15 милиони евра. Договорот за влез на Матек во Македонија ќе биде потпишан околу 20 овој месец во Скопје, по што почнуваат градежните работи на новата фабрика. Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови. Компанијата Матекк која е контактирана од економскиот промотор во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.
До крајот на годинава ќе почне со работа уште една фабрика во технолошката зона Бунарџик крај Скопје.
Овој пат, како што најавува директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, станува збор за турската компанија Матекк од медицинскиот сектор која е лоцирана во Анкара, која донесе одлука за инвестиција во Македонија, вредна 15 милиони евра. Договорот за влез на Матек во Македонија ќе биде потпишан околу 20 овој месец во Скопје, по што почнуваат градежните работи на новата фабрика.
- Компанијата ќе произведува високотехнолошки медицински помагала како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови - открива директорот Фида.
Компанијата Матекк која е контактирана од економскиот промотор во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.
Компанијата првично ќе вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо технолошки медицински помагала. Компанијата планира да го зголеми бројот на вработените до 300 лица за неколку години. Оваа инвестиција ќе има голема додадена вредност за медицинскиот сектор во Македонија.